Политика на приватност

Политика на приватност


Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате веб – страната на InfoBiro.


Контролор на личните податоци е InfoBiro ДОО со седиште на Ул: Ванчо Николески бр. 3, Охрид, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.


Се користат содржини и од други страни, како што е користење на google-map apis за означување на локацијата на нашата компанија.


Не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Корисничките лични идентификациони информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива.


Офицер за заштита на лични податоци: Марко Гаврилоски. Контакт: marko.g@infobiro.com.mk




Податоци кои подлежат на собирање

Податоци на посетители на страната www.infobiro.com.mk - податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната.



Податоци за навигација - При посетата на интернет страната серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

IP адреса;

  Уредот од кој пристапувате, вид и модел;

Видот на пребарувачот, plugins и верзија;

Држава од која пристапувате (се одредува преку IP адресата).



Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон. Пример: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email