За кого е наменет програмот каса?


Програмот КАСА е наменет сите малопродажни објекти кои сакаат да имаат брза и ефективна услуга кон своите клиенти.

Програмот КАСА покрај тоа што е направен за брзо опслужување, истовремено е издигнат на такво безбедносно ниво како вие не би се грижеле за губење на промети, сметки или немање евиденција што законски е потребна.


Како функционира?


На секоја од касите каде што се врши продажбата има локална база и сервис што врши пренос на податоци (синхронизација) со станицата (главната каса).

На станицата има исто така локална база во која се чуваат податоците од касите и е во синхронизација со серверот.

На сервер поставена е главната база во којашто се чуваат, а истовремено се праќаат и примаат податоци кон останатите станици со што имаме целосен преглед за организациската структура на самата компанија.


Што е тоа што го одвојува програмот каса на ИнфоБиро од останатите?


Регистрирање на поништени ставки, со што Вие имате преглед за секој ред што бил избришан;

Можност за централно дефинирање на цени за секој маркет посебно или групирање на маркетите во групи и дефинирање цени за секоја група;

Можност поставување привилегии за опциите во програмот за секој корисник посебно;

Можност за забрана на продавање на одреден асортиман на артикли во даден период;

Автоматско пренесување на прометот во централа;

Можност за поставување забрана за куцање сторно сметки со можност за авторизација со код којшто би го доделиле на еден вработен;

Печатење на етикетите со цена и баркод според шифровник или промените на цените.

Извештаи кои можат да се филтрираат по каса, корисник, време, артикли и сл


Извештаи кои најчесто се користат:


Преглед на промет по сметки;

Преглед на промет по сметки и артикли;

Продажба по време на сметка;

Продажба по денови;

Спецификација на промет по артикли;

Промет со кориснички картички;

Спецификација на промет по корисници;

Дневен извештај

 

Програмот каса овозможува дефинирање наградни игри, попусти и најразлични програми за лојалност. Сите наградни игри се дефинираат за иден период на централно ниво, поединечно или групирано по маркети. 


Дел од програмите коишто можат да се дефинираат се:


Дефинирање на попуст за ВИП картички;

Плати X наредно земи Y парчиња;

Happy hour (посебни цени на артикли за дел од денот);

Собирање поени со листи на артикли;

Преглед на сметки со Lyoness картички;

Дефинирање на артикли за купон плус и користење на поените за пазарување

Контактирајте не

За повеќе информации ве очекуваме во нашите канцеларии
во Охрид и во Скопје.

Контакт