Регистрација
Регистрација на правното лице на тест-страницата на „е-Даночни услуги“.
Подготовка за новиот систем
Подгответе ја Вашата компанија навремено за електронско издавање, прием и обработка на фактури.
Во пресрет на воведувањето на системот за е-Фактура во Република Северна Македонија, сакаме навремено да Ве запознаеме со потребните подготовки и предуслови за неговото користење.
е-Фактура претставува систем воспоставен од Управата за јавни приходи (УЈП), преку кој ќе се овозможи електронско издавање, прием и обработка на фактури, согласно новите законски и технички барања.
За да може Вашата компанија навремено да се подготви за работа со системот, потребно е да се исполнат одредени предуслови и да се преземат соодветни активности.
Во документот за подготовка се наведени предусловите и потребните чекори за подготовка и користење на системот.
Регистрација на правното лице на тест-страницата на „е-Даночни услуги“.
Доделување и прифаќање овластувања за лицата кои ќе работат со системот.
Инсталација на потребната апликација и веб-екстензии за потпишување.
Набавка на соодветен сертификат и регистрација на порталот за е-Фактура.
На овој чекор особено Ве замолуваме да обрнете внимание на набавката и видот на сертификатот, како и на постапката за регистрација на порталот.
Овие активности е потребно навремено да се реализираат, со цел да се обезбеди непречена подготовка за користење на системот.
Пред набавката внимателно проверете го потребниот вид на сертификат. Деталните предуслови се наведени во документот.
Разгледајте го документот и, согласно наведеното, преземете ги потребните активности од Ваша страна.
Предлог-законот за е-Фактура е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), сите заинтересирани страни може да го разгледаат и да се вклучат во јавната консултација со свои мислења, предлози и забелешки.
Стоиме на располагање за информации поврзани со подготовката на Вашиот систем.
Контакт